Сепак, целта на интерес не е да ги разоткриеме или исмееме овие организации, туку подобро да ги разбереме и на тој начин да обезбедиме знаења кои: ќе придонесат во унапредувањето на човековите права за сите и ќе помогнат во идентификувањето на начините за спротивставување на хегемонистичките стратегии на врамување, репрезентација и дискурзивна конструкција на жените и сексуалните и родови малцинства што антиродовите движења ги нудат.